Прашања? |☏| +389 (0)2 2550 470 |✉| info@agroglobal.mk

Правила и Услови

1. ВОВЕД

Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на agroglobal.mk, Агроглобал ДООЕЛ Скопје .

Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување:
Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.agroglobal.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги.
Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на agroglobal.mk нарачува и купува производи и/или услуги од понудата.
За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со agroglobal.mk се применуваат позитивните законски прописи во Република Македонија од  заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на agroglobal.mk, Агроглобал ДООЕЛ Скопје .

2. РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од Агроглобал ДООЕЛ Скопје преку веб страната www.agroglobal.mk потребно е по одбирањето на производот/те и нивно ставање во кошничката за купување да се внесе вашето име и презиме, опционално е-маил, контакт и адреса за достава на www.agroglobal.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката.

Секој онлајн купувач со пополнување на образецот при купувањето на веб страната www.agroglobal.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страната на agroglobal.mk

Agroglobal.mk го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на www.agroglobal.mk.

3. УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Цените на сите производи на www.agroglobal.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ.
Agroglobal.mk го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме.
Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани.
Купувачот може да избере еден или повеќе производи, како и пакет на производи од понудата на agroglobal.mk .
Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време.
По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратен e-mail на адресата која ја имате наведено, за потврда на нарачката. При евентуални технички проблеми со интернет страната, agroglobal.mk има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

10. ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

– Доколку производот го примите во неисправна или оштетена состојба, паричните средства ви се враќаат во целост.

– Рефундацијата на парите се врши со претходно приложување на фотографија на производот што е неисправен или оштетен во рок од 1-3 работни дена од моментот на примање на нарачката.

Производот треба да биде вратен во оригиналното пакување за рефундацијата да биде извршена.

– Рефундацијата не е во сила доколку производот се користи. 

11. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Купувачот.
Со самото ставање на производите во кошничка не значи дека е направена резервација и дека е затворена нарачката. Доколку нарачката не е заклучена до крај, односно содржината на нарачката се уште се наоѓа во кошничка, а времето на неактивност на Посетителот/Купувачот на www.agroglobal.mk е подолго од 30 минути, содржината на кошничката автоматски ќе биде избришана.
agroglobal.mk го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината на agroglobal.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на agroglobal.mk , корисникот ќе може да ги прочита на веб страната.

Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на 0нивната објава.

Translate »

Cart

Your Cart is Empty

Back To Shop